ВИКЕНД НА КРОМИДОТ

Каде: Село  Баничан

Кога: Секој викенд меѓу 22-ри септември и 16-ти декември 2018

Што:
Вкусете го посебниот воденикав кромид кој се одгледува само во селото Баничан
Видете какви интересни јадења се приготвуваат со кромид
Пригответе си нешто вкусно со овој вид кромид

Зошто:
Населението во Баничан е посебно гордо на своето локално богатство од кое важен дел се и уникатните сорти кромид кои планираат да ги регистрираат во Програмата за бавна храна. Овие видови кромид се превкусни, сочни и, според тврдењата на локалното население, нема да ви течат солзи кога готвите со овој кромид. Овде исто така се приготвуваат посебни јадења со кромид кои мора да ги пробате.

За сите викенди

Програма:
Сабота претпладне – кулинарска сесија 1: Вкусете
Сабота пладне и попладне –слободно време за разгледување, вкусување нови локални јадења или одмарање пред следните кулинарски насладувања
Сабота вечер – кулинарска сесија 2: Видете (со вечера)
Недела претпладне – кулинарска сесија 3: Пригответе (по што следи заминување или повеќе посети низ областа).

Цена: 125 BGN / 64 EUR / 3938 MKD по лице, најмалку 4 лица
Цената вклучува:
– Три кулинарски сесии (Вкусете, Видете и Пригответе)
– Вечера во сабота
– Ноќевање со појадок (сабота вечер)
Цената не вклучува:
– Ручек во сабота и недела
– Посети на повеќе локации во областа
– Превоз

Важни информации:
Дозволен број посетители – најмногу 12 луѓе
Можеме да понудиме и сместување (ноќевање со појадок) и вечера и за петок доколку некој сака да пристигне порано
Можеме да ви препорачаме  места за ручек и посета во областа
Викендот на кромидот е делo од низата кулинарски викенди кои ги нуди  Мрежата на „Прекуграничен забавен центар“ . Видете ги  промоциите кои може да ги добиете доколку се одлучите за повеќе  понуди
Прочитајте ги нашите  Услови за работа 

   

Проектот за прекуграничен забавен центар е кофинансиран од ЕУ преку програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - поранешна Југословенска Република Македонија

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската унија преку Програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - Поранешна Југословенска Република Македонија, ЦЦИ Бр. 2014TC16I5CB006, во рамките на проектот: "Прекуграничен забавен центар" со референтен број CB006.1.22 .117. Содржината на оваа веб-страница е единствена одговорност на Пиринскиот туристички форум и ЕД Планетум - Струмица и во никој случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија или Управниот орган на Програмата

0017226