ВИКЕНД НА КОСТЕНОТ

Каде: Села  Јаворница и  Самуилово

Кога: Секој викенд меѓу 22-ри септември и 16-ти декември 2018

Што:
Вкусете костени од северните падини на планината Беласица
Видете како се приготвуваат интересни јадења од костени или од мед од костени
Пригответе си нешто вкусно со костени

Зошто:
Планината Беласица е позната по вкусните костени кои се традиционален дел од локалниот начин на живот и храна. Нема подобро место за да пробате костени свежо испечени на метална плоча или пак малку горчлив мед од костени.

За сите викенди

Програма:
Сабота претпладне – кулинарска сесија 1: Вкусете
Сабота пладне и попладне –слободно време за разгледување, вкусување нови локални јадења или одмарање пред следните кулинарски насладувања
Сабота вечер – кулинарска сесија 2: Видете (со вечера)
Недела претпладне – кулинарска сесија 3: Пригответе (по што следи заминување или повеќе посети низ областа).

Цена: 125 BGN / 64 EUR / 3938 MKD по лице, најмалку 4 лица
Цената вклучува:
– Три кулинарски сесии (Вкусете, Видете и Пригответе)
– Вечера во сабота
– Ноќевање со појадок (сабота вечер)
Цената не вклучува:
– Ручек во сабота и недела
– Посети на повеќе локации во областа
– Превоз

Важни информации:
Дозволен број посетители – најмногу 12 луѓе
Можеме да понудиме и сместување (ноќевање со појадок) и вечера и за петок доколку некој сака да пристигне порано
Можеме да ви препорачаме  места за ручек и посета во областа
Викендот на костенот е делo од низата кулинарски викенди кои ги нуди  Мрежата на „Прекуграничен забавен центар“ . Видете ги  промоциите кои може да ги добиете доколку се одлучите за повеќе  понуди
Прочитајте ги нашите  Услови за работа 

   

Проектот за прекуграничен забавен центар е кофинансиран од ЕУ преку програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - поранешна Југословенска Република Македонија

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската унија преку Програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - Поранешна Југословенска Република Македонија, ЦЦИ Бр. 2014TC16I5CB006, во рамките на проектот: "Прекуграничен забавен центар" со референтен број CB006.1.22 .117. Содржината на оваа веб-страница е единствена одговорност на Пиринскиот туристички форум и ЕД Планетум - Струмица и во никој случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија или Управниот орган на Програмата

0016530