ВИКЕНД НА МОДРИОТ ПАТЛИЏАН

Каде: Град  Гевгелија

Кога: Секој викенд меѓу 22-ри септември и 16-ти декември 2018

Што:
Вкусете патлиџани од јужната граница на Македонија
Видете како се приготвуваат интересни јадења од патлиџани
Пригответе си нешто вкусно со патлиџани

Зошто:
Патлиџаните често се потценети како зеленчук и имаат ограничена употреба со оглед на тоа дека се тешки за јадење за луѓето со проблеми во варењето на храната. Покрај тоа, потребен е поголем напор и време за нивно приготвување за разлика од другите видови зеленчук. Сепак, постојат начини на приготвување кои даваат одлични резултати и, доколку се применуваат правилно, ќе се уверите во вкусот на патлиџаните.

За сите викенди

Програма:
Сабота претпладне – кулинарска сесија 1: Вкусете
Сабота пладне и попладне –слободно време за разгледување, вкусување нови локални јадења или одмарање пред следните кулинарски насладувања
Сабота вечер – кулинарска сесија 2: Видете (со вечера)
Недела претпладне – кулинарска сесија 3: Пригответе (по што следи заминување или повеќе посети низ областа).

Цена: 3938 MKD / 64 EUR / 125 BGN по лице, најмалку 4 лица
Цената вклучува:
– Три кулинарски сесии (Вкусете, Видете и Пригответе)
– Вечера во сабота
– Ноќевање со појадок (сабота вечер)
Цената не вклучува:
– Ручек во сабота и недела
– Посети на повеќе локации во областа
– Превоз

Важни информации:
Дозволен број посетители – најмногу 12 луѓе
Можеме да понудиме и сместување (ноќевање со појадок) и вечера и за петок доколку некој сака да пристигне порано
Можеме да ви препорачаме  места за ручек и посета во областа
Викендот на модриот патлиџан е делo од низата кулинарски викенди кои ги нуди  Мрежата на „Прекуграничен забавен центар“ . Видете ги  промоциите кои може да ги добиете доколку се одлучите за повеќе  понуди
Прочитајте ги нашите  Услови за работа 

   

Проектот за прекуграничен забавен центар е кофинансиран од ЕУ преку програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - поранешна Југословенска Република Македонија

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската унија преку Програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија - Поранешна Југословенска Република Македонија, ЦЦИ Бр. 2014TC16I5CB006, во рамките на проектот: "Прекуграничен забавен центар" со референтен број CB006.1.22 .117. Содржината на оваа веб-страница е единствена одговорност на Пиринскиот туристички форум и ЕД Планетум - Струмица и во никој случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија или Управниот орган на Програмата

0011913